Ѓоковиќ: Како што Коби велеше – ги мразат само најдобрите

Новак Ѓоковиќ изјави дека не е изненаден што повеќето негативни коментари на социјалните мрежи се за него. За време на Ролан Гарос организаторите преку апликацијата „Bodyguard“ решија да им овозможат на играчите заштита од навредливи содржини со постојано следење и отстранување на навреди.

Според истражувањето на „World Sports Network“, секој петти твит што некој го пишува за Новак Ѓоковиќ е негативен. Новак често го нарекуваат „себичен“, додека некои „се надеваат дека никогаш повеќе нема да освои грен слем трофеј“.

– Искрено, би бил изненаден да беше поинаку. Знаете како велеше Коби Брајант: ‘Супер е кога некој те мрази, затоа што не се мразат добрите, туку најдобрите’. Не мразам никого, така ги воспитувам моите деца. Омразата е ужасна емоција, одговори Ѓоковиќ на прашањето дали тоа му е чудно.

Ѓоковиќ истакнува дека не заслужува некој да го мрази.

– Не би променил ништо во мојот живот, секогаш правев сѐ најдобро што можев во дадениот момент. Направив многу грешки, но барем бев автентичен. Сто пати повеќе би сакал да бидам свој отколку да одам заедно со системот, кој се чини дека е популарен овие денови, истакна Ѓоковиќ.

Во второто коло на Ролан Гарос, Ѓоковиќ во среда се среќава со Мартин Фучович, Унгарецот кого го победи на сите четири претходни средби.

Претходна вестИ синот на Талат Џафери се заколна дека обвинителската функција ќе ја врши совесно, непристрасно и одговорно
Следна вестКиднапирана па пуштена малолетничка од Скопје