МЗТ во Битола против Пелистер ќе оди до титулата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и во вториот меч беа подобри од Пелистер. Победија синоќа со 75:67. Ова значи дека им фали уште една победа до одбрана на титулата во македонскиот шампионат и до јубилејниот 10-ти национален трофеј.

Популарните „штркови“ низ целиот меч водеа и покажаа дека се подготвени и сакаат да ја освојат шампионската титуја. Кошаркарите на Пелистер дадоиа силен отпор особено во последната четвртина.

Одличниот Војдан Стојановски беше лидер на МЗТ со 23 поени, додека Андреј Маслинко со 16 поени и 10 скока беше најдобар кај Пелистер. Првата шанса МЗТ да ја запечати титулата ќе ја има на 4 јуни во Битола, а ако биде потребен и во четвртиот меч Пелистер ќе биде домаќин.

Претходна вестПет лица повредени, двајца потешко, во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје
Следна вестШведска може да биде прогласена за земја „без пушење“