Петмина луѓе се повредени, од кои двајца потешко, во сообраќајна несреќа која вечерва се случи на автопатот Скопје-Тетово кај селото Групчин. Првичните информации укажуваат дека автомобилот „рено“ се превртел откако излетал од патот.
– Станува збор за патничко моторно возило “Рено 19” со скопски регистарски ознаки што го управувала З.М.(20) од скопско Морани. Повредите се констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата, во координација со јавен обвинител, увид врши екипа од СВР Тетово, велат од МВР.
Од МВР повеќе детали за несреќата најавија за денеска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



