ЈСП пушта дополнителен број автобуси за Духовден на линиите 59, 59А и 59Б

ЈСП Скопје информира дека поради верскиот празник Духовден, утре петок (02.06.2023 год) и во сабота (03.06.2023 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои утре ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во недела (04.06.2023 год) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Од ЈСП додаваат дека утре, во сабота и во недела ќе сообраќаат дополнителен број автобуси на линиите 59 (Карпош3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А(Ново Лисиче – Гробишта Бутел)и 59Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел)

Билетарниците и центрите за персонализација утре нема да работат, а Жичарницата ќе работи вообичаено од 10 до 20 часот.

Претходна вестШто им стана, Роберт Де Ниро и Ал Пачино, на стари години добиваат децa?
Следна вестСветот може да учи од македонскиот образовен систем, а власта да држи лекции…