Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка на патот Охрид–Кичево

Еден загинат и тројца повредени е билансот од сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило и автомобил што се случила вчера околу 18 часот во близина на селото Издеглавје на магистралниот пат Охрид–Кичево.

МВР информира дека несреќата се случила помеѓу товарно моторно возило „фиат дукато“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(37) од Вевчани и патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (60) од селото Палатица, општина Желино.

-Притоа, од здобиените повреди на местото починал возачот на патничкото возило М.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот В.С. и сопатничката во патничкото возило, Н.Б.(47) од тетовското село Голема Речица се здобиле со тешки телесни повреди, додека Х.Б.(21) од селото Голема Речица, сопатник во возилото „фолксваген“ се здобил со телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, се наведува во информацијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Претходна вестПотреси во Советот на Битола, новото мнозинство ги разреши управните и надзорните одбори во градските јавни претпријатија
Следна вестЗапаленo детско игралиште во Ченто, само еден месец откако беше направено