Уапсен е скопјанец за убиството во Јетон Кривањева „Жила“

Скопјанец е уапсен за двојното убиство во скопската Чаршија во „Шиша бар“ кое се случи пред три месеци, а кога беа убиени беа Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени, кои се поврзуваа со нарко пазарот. Ова е прво лице на кое Кривичен суд му одредило и притвор, а се поврзува со овој случај. Во исто време, преку меѓународна правна помош, се трага по извршителите, дознава Макфакс.

Според неофицијални извори на „Макфакс“ од судот, скопјанецот се сомничи дека има поврзаност автомобилот „ауди“ со кое извршителите на убиството избегаа, па потоа беше запалено. Од упатени извори, дознаваме дека Обвинителството наредило да му се земат и папиларни линии, за да се утврди дали истите се совпаѓаат со земените од автомобилот.

Претходна вестЕУ погледна преку „шпионката“ и пак ни кaжа колку многу не сака и ќе ни помага
Следна вестТриумф на македонските одбојкари над репрезентацијата на Белгија