Робот бил асистент на операција на колено на Клиниката за трауматологија

Со асистенција на робот успешно е изведена операција на колено на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар во Скопје. Ваквата интервенција за првпат се спроведува во макеоднското јавно здравство. Станува збор за интервенција врз 70-годишна жена изведена од страна на хирурзи од ТОУРАЛЕЦ и хирурзи од клиника во Лариса во Грција, со асистенција на позајмен робот.

Директорот на ТОАРИУЛЦ, д-р Александар Трајановски информира дека операцијата траела околу еден час.

– Со огромно задоволство можам да кажам дека испишуваме историја на Клиниката за ортопедски болести. Направена е прва операција со асистенција на робот, што не е мала работа за мала држава како што е нашата, да сме рамо до рамо со сите светски клиники и сите европски и светски стандарди, изјави директорот на клиниката.

Тој нагласи дека на клиниката и понатаму ќе продолжи имплантирањето на тотални протези со оваа нова процедура која овозможува преку асистенција на робот да се минимализира каква било можност за компликација.

– Хирургот досега се правеше сам. Сега роботот е асистенција на хирургот, но пак носечки дел е хирургот. Од големо значење е затоа што ги следиме сите светски стандарди и придонесува процентот за грешка да е многу помал, истакна Трајановски.

Тој додаде дека Клиниката има одлична соработка со Клиничката болница во Лариса и изрази благодарност за поддршката од Министерството за здравство, кое, како што рече, создава услови експерти од странство да доаѓаат и да вршат обуки.

Министерот за здравство Фатмир Меџити посочи дека Министерството во иднина ќе се залага за набавување на ваков робот, но дека сепак треба да се земе предвид и буџетот. Докторите од Грција оценија дека роботиката е иднината и дека ова е голем чекор за нашата држава.

Во однос на чекањето на термини за интервенции, директорот на Клиниката за ортопедски болести рече дека во овој период пациенти чекаат од три до четири месеци.

Претходна вестЗапаленo детско игралиште во Ченто, само еден месец откако беше направено
Следна вестПротест на Албанците во Јужна Митровица, се носат знамиња на Голема Албанија со делови од Македонија