Протест на Албанците во Јужна Митровица, се носат знамиња на Голема Албанија со делови од Македонија

Во Јужна Митровица се одржува протест на Албанците под името „Марш кон север“, а како што објави порталот „Косово онлајн’“, дел од демонстрантите повикуваат да се оди на мостот на Ибар кон Северна Митровица. Извикуваат антисрпски пароли и скандираат ОВК.

Тие ги носат и  знамиња на „Голема Албанија“ која ги опфаќа териториите на соседните земји меѓу кои и на Македонија.

На мостот на Ибар од северната страна моментално се присутни три возила на карабинери, додека на јужната страна се стационирани три џипови на косовската полиција, пренесува порталот „Косово онлајн“.

Повикот на Албанците на протестот „Марш кон север“ започна вчера на социјалните мрежи, а денеска косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља изјави дека не поддржува ваков тип на собири. Тој на социјалните мрежи ги повика граѓаните да не учествуваат во протестот.

Претходна вестРобот бил асистент на операција на колено на Клиниката за трауматологија
Следна вестКонцерт на Сара Вујошевиќ Јовановиќ