Македонскиот репрезентативец Ристовски доби место во тимот на сезоната во Хрватската лига

Репрезентативецот на Македонија Стефан Ристовски го освои петтото место на најдобри фудбалери во првенството во Хрватската лига, ХНЛ. Стефан се најде во идеалната единаесетка на сезоната во ХНЛ во која имаше место дури за уште шест негови соиграчи од Динамо.

Македонскиот капитен доби оценка од 7.20 и освен што тоа беше доволно за петтото место помеѓу сите фудбалери, тој е и најдобар помеѓу странците. Пред Ристовски се хрватските фудбалери Јосип Мишиќ (7,34), Марко Ливаја (7,27), Дино Периќ (7,24) и Лука Иванушеќ (7,23).

Инаку Екипата на Динамо Загреб во кој игра и Ристовски ја продолжи доминацијата во Хрватска и освои уште еден пехар во кој значајна улога имаше и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Претходна вестНАСА денес ќе обелодени се што знае за НЛО
Следна вестВо Националниот парк Шар Планина ќе се легализираат објекти кои ќе се користат за туризам