НАСА денес ќе обелодени се што знае за НЛО

Тимот на Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) кој ги изучува неидентификуваните летачки објекти има закажано брифинг денеска за дискусија со јавноста за видовите податоци што агенцијата може да ги собере и оцени за подобро познавање на НЛО и од каде тие доаѓаат.

Тимот којшто НАСА го формираше лани има задача да изучува „неидентификувани аномални феномени“, фраза што американските власти ја употребува за она што е општо познато како НЛО.

НАСА изјави дека НАФ се набљудување на случувања во небото кои што од научна гледна точка се идентификуваат како летала или познати природни феномени. Научниците планираат да дадат совети како НАСА може да употребува аналитички податоци за неидентификуваните воздушни феномени. Тимот планира ова лето да објави извештај за своите наоди.

Министерството за одбрана на САД лани во текот на конгресно сослушување објави видеа од НЛО. Тоа беше прво такво сослушување на Конгресот во повеќе од 50 години.

Претходна вестРентген снимки ќе се читаат и онлајн
Следна вестМакедонскиот репрезентативец Ристовски доби место во тимот на сезоната во Хрватската лига