Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, е впишан во списокот на најдобрите фудбалери на светот кои се постари од 34 години. Изборот го направил познатиот европски магазин „Гив ми Спорт“.
Имено, капитенот на македонската репрезентација кој и на 37 годишна возраст се уште игра на врвно ниво во силната италијанска лига (секако и за репрезентацијата на Македонија), е во друштвото на великаните на светскиот фудбал како што се Златан Ибрахимовиќ, Кристијано Роналдо, Сергио Рамос, Давид Силва…
На долгиот список, Пандев е на 17 место. За најдобар светски фудбалер кој има над 34 години е избран Кристијано Роналдо, а веднаш до него се миланскиот ас Златан Ибрахимовиќ и капитенот на Реал Мадрид Сергио Рамос.
Инаку, на листата се и Тиаго Силва, Един Џеко, Оливие Жиру, Бурак Јилмаз, Александар Коларов…