Одличниот македонски голман Столе Димитриевски викендов имаше многу добри одбрани за својот клуб Рајо Ваљекано. Всушност тој успеа да ја сочува мрежата и против Валенсија во меч кој заврши 0-0.
Македонскиот репрезентативец според „WhoScored.com“ имаше оценка осум и со тоа си најде место во идеалниот тимот на 35. коло во силната Примера.
Oва не е негово прво влегување сезонава во идеалните 11 играчи на колото. Поради сето тоа тој се повеќе го привлекува вниманието на силни клубови кои би го ангажирале во иднина.