Браво за Миовски: Два гола и една асистенција за само 54 минути игра

Браво за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Тој продолжува да игра одлично за Абердин во шкотската Премиерлига. Овој пат тој го предводеше својот тим до 4:0 победа над Рос каунти.

Одличниот Миовски даде два гола и една асистенција за само 54 минути на теренот.

Миовски го отвори резултатот во 21. минута, во 48. минута му асистираше на Мекгрет за 3:0, за во 54. минута да го постигне и својот втор гол за фантастична победа.

Ова е само прва победа за Абердин во првите пет кола од новиот шампионат и тие се на претпоследното место на табелата со 5 освоени поени.

Претходна вестДоста со навреди на интелигенција дека за големите катастрофи во Македонија е виновен кабелот, кочниците или сестрите, вели Мицкоски
Следна вестМакедонските државјани кои се најдоа во средина на вооружениот напад во Бањска на пат кон дома