Темно Режим Светло Режим

Британец тешко повреден по пад од зграда во изградба во Црниче

Со тешки повреди се здобил британски државјанин откако вчера претпладне паднал од зграда во изградба во скопската населба Црниче, соопшти полицијата.

-Вчера околу 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека од зграда во изградба на ул.„Банско“ во Скопје паднал Д.Б. од Велика Британија. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Комбе со 50 мигранти се преврте кај Струмица, повеќе повредени, возачот избегал

Следниот Пост

Убава акција: Од утре во Аеродром ќе се собира кабаст отпад, аеродромци се на потег