Британска мутација на вирусот сме имале од декември – пациентот е веќе оздравен

Министерството за здравство денеска соопшти дека британската мутација на корона вирусот во нашата земја пристигнал уште на 29 декември лани.

Се работи за 46 – годишен маж кој во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје од 22 јануари 2021 се води како оздравен.

Дека станува збор за оваа мутација е откриено во приватната лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката „Жан Митрев“, каде овој пациент се лекувал.

Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, прави брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.

Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата. Од лабораторијата го известиле Министерството дека засега не е детектирана ваква мутација кај ниту еден други примерок кај нив.

Министерот за здравство Венко Филипче неодамна изјави дека лабораторијата во МАНУ досега кај нас нема ниту една од мутацииите кои се присутни во светот.

Претходна вестОаза среде бетонската пустина: Зазеленува и покривот на „Мавровка“
Следна вестКластер Нефрологија: 22 вработени заразени со корона вирус, меѓу нив и директорката