Кластер Нефрологија: 22 вработени заразени со корона вирус, меѓу нив и директорката

Девет лекари, осум медицински сестри, еден лаборант, еден психолог и тројца болничари на Клиниката за Нефрологија во моментов се заразени со корона вирус, потврдија попладнево од Министерството за здравство.

Меѓу заразените е и директорката на Клиниката, Ирена Бушлетиќ.

Изворот за заразата се уште не е лоциран и во тек се епидемиолошки анкети.

Ова не е првпат на Клиниката да има заразени вработени. Во октомври лани позитивни беа лекар, медицинска сестра и техничар, сите од различни одделина Клиниката.

На Клиниката за нефрологија функционира ковид-центар каде во моментов има 16 пациенти.

Претходна вестБританска мутација на вирусот сме имале од декември – пациентот е веќе оздравен
Следна вестUnited Group постигна договор за преземање на најголемата бугарска компанија за весници Vestnik Telegraf