Нема место за паника: Појавата на британската мутација кај нас не е изненадување 

Во земјава досега има 20 веќе изолирани соја на корона вирусот со различна фрекфенција што укажува дека не може да се спречи трансмисијата.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека нема простор за паника, иако оваа мутација на вирусот има побрза трансмисија за 70% проценти, но формата на болеста е полесна од она што беше претходно.

Според него, мутацијата не мора ниту да е увезена, бидејќи тенденцијата на вирусот е да мутира и да се адаптира, имајќи предвид дека лицето кај кое е откриена тврди дека не патувало надвор.

Клучни и натаму остануват превентивните мерки како носењето маски и држењето на растојание, додека здравствените власти че ја следат епидемиолошката ситуација.

Министерството за здравство денеска соопшти дека британската мутација на корона вирусот во нашата земја пристигнал уште на 29 декември лани.

Откриена е кај 46 – годишен маж кој во базата на податоци на Институтот за јавно здравје од 22 јануари 2021 се води како оздравен, а се лекувал во приватната болница „Жан Митрев“.

Претходна вестШто не е добродојдено кај министерката Царовска?
Следна вестВладата одлучи: 200.000 кинески вакцини ќе се набават со преговори без оглас