Во Скопје казнети 155 возачи, осуммина возеле без возачка дозвола

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, од кои 8 за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР.

-Освен ова, санкционирани се и 6 возачи за нерегистрирани и технички неисправни возила, 9 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 3 санкции за управување под дејство на алкохол, 5 за користење на мобилен телефон и 8 мерки за некористење на сигурносен појас, се наведува во информацијата.

Од МВР уверуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Претходна вестПоднесено обвинение за дивоградбата кај „Мавровка“
Следна вестСрбија втора во Европа според бројот на вакцинирани на милион жители