Поднесено обвинение за дивоградбата кај „Мавровка“

Обвинение дека направил кривично дело Бесправно градење кај ТЦ „Мавровка“ е покренато против инвеститорот, соопшти денеска Основно јавно обивнителство Скопје.

Во информацијата се наведува дека по спроведената истражна постапка, тој се обивнува за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот М.А., во текот на јуни и јули 2020 година, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330 м2 на платото пред трговскиот центар „Мавровка“, а притоа немал одобрение за градба издадено од надлежен орган, соопштува ОЈО.

Член 244, став 1 предвидува следно: „Тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од три до осум години“.

ОЈО соопшти дека на обвинетиот претходно му беа определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, како и повремено јавување кај службено лице во Основниот кривичен суд. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот да ги продолжи ваквите мерки спрема обвинетиот со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на постапката.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе почне со собирање потписи за укинување на Законот за попис
Следна вестВо Скопје казнети 155 возачи, осуммина возеле без возачка дозвола