Темно Режим Светло Режим

ВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе почне со собирање потписи за укинување на Законот за попис

Од следната недела ќе стартува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање на граѓански потписи за укинување на Законот за попис, најави вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски.

Николоски, при гостувањето во емисијата „Што не е јасно” на Алфа телевизија, кажа дека правната процедура е веќе започната. Овие денови ќе биде објавен датумот од кога ќе почнат да се собираат потписите за кои рокот е 30 дена. Минималната бројка, како што изјави тој, е 10.000 потписи меѓутоа тој очекува дека бројката на потписи ќе достигне 100.000.

Тој посочи дека постои политички договор за проценти помеѓу СДСМ и ДУИ, кој е штетен, затоа што ќе предизвика нереални бројки и ќе ја однесе државата во погрешен правец.

– Има јасен политички договор за пописот, тој се гледа и е помеѓу СДСМ и ДУИ, за жал во Македонија пописот одамна не е статистичка операција туку е политичка операција, особено по Охридскиот рамковен договор, кога Македонија стана држава на проценти, а не држава на граѓани кои што живеат во тука, изјави Николоски.

Претходниот Пост
Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Умерена облачност со слаб ветер

Следниот Пост

Поднесено обвинение за дивоградбата кај „Мавровка“