Скопската општина Аеродром и натаму е водечка во градот според бројот на активните случаеви на корона вирусот. Министерството за здравство соопшти дека во неа има 631 случај што е ново зголемување на бројката.
Зголемување има и во Карпош каде бројката стаса до 511 активен случај, а зад неа е општина Центар со 484.
Во Гази Баба има 379, Кисела Вода има 366, Ѓорче Петров – 255, Чаир – 151, Бутел – 127,Сарај 21 и Шуто Оризари – 19.
Во Студеничани има 6, Арачиново – 10,Илинден – 51, Сопиште – 26, Чучер Сандево – 12, Петровец –20, Зелениково – 8, Странец – 16 и Нераспределен- 81.