Бројот на активни случаи на Ковид-19 намален од 8.000 на 6.000

Се намалуваат бројките на активни случаи на Ковид-19 во Македонија. Имено, бројот на активни случаи од околу 8.000 падна на 6.000, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.025, бројот на оздравени пациенти е 203.325, на починати е 7.631, а бројот на активни случаи е 6.069.

Најмногу активни има во Скопје и тоа 2821, следи Битола со 553, Прилеп – 336, Кавадарци – 247, Охрид – 222, Куманово – 210. Во другите градови има под 200 активни случаи.

Според статистиката за период од 6 август до 2 декември, од 60 772 заразени граѓани, 31 отсто биле вакцинирани. 79 отсто од починатите не биле вакцинирани, а 21 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

 

Претходна вестМЗ во еден час со две соопштенија за ковид бројки – во второто бројот на активни слуачи намален за над 2.000
Следна вестГи лоцираат ли службите „црните точки“ на македонските патишта за да ги поправат?