За 28 проценти е намален бројот на новозаразени лица во Македонија во периодот од 18 до 24 јануари споредено со претходните седум дена, соопшти денеска Институт за јавно здравје во редовна неделна анализа.
-Во тој период регистрирани се 1.727 нови позитивни случаи од 34 градови. Пријавени се 69 смртни случаи од 23 града, со намалување од 12,7 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лица биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 2 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години, се наведува во анализата.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 851. Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 19 отсто, или во просек 14 проценти, што претставува намалување од 2 отсто во однос на минатата недела.
-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години – 50. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 години – 299, 50-59 години – 298, 30-39 години – 287, и 20-29 години – 231. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години – 32 и 10-19 години – 73.
-По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.084 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 12,1 проценти помалку во споредба со минатата недела, наведува ИЈЗ.