Лицата постари од 60 години и натаму се најзастапени во структурата на новозаразените граѓани од корона вирусот во Македонија, се наведува во редовната неделна анализа на Институтот за јавно здравје. Во анализата која ги опфаќа перидот од 1 до 7 март се наведува дека за овој период се регистрирани вкупно 4.463 нови случаи во државата што е зголемување од 23 отсто во однос на неделата пред тоа.
-Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години – 1.026 ( 23 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (895; 20,1 процент), 40-49 (803; 17,8 отсто), 50-59 (778; 17,4 проценти) и 20-29 (626; 14,0 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (104; 2,3 отсто) и 10-19 години (231; 5,2 проценти). Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.260 (50,6 отсто) лица од женски и 2.203 (49,4 отсто) од машки пол, се наведува во анализата.
Најголем дел од норегистрираните случаи се од Скопје – 2.160 или 48,3 отсто, а највисока неделна инциденца од 847,9 на 100.000 жители е регистрирана во Неготино заедно со Демир Капија.
-Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 13,2 до 26,7 проценти, или во просек 20,9 отсато, 3 отсто повеќе во споредба со минатата недела. Пријавени се 57 смртни случаи од 16 градови, 17,4 проценти помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 50 лица биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи 30-39 и 40-49 години, информира ИЈЗ.