Последната бројка на самопопишани е 137.114, при шт и натаму најголм број се нашинци од Швајцарија – над 45.000, потоа од Германија 31.000, Италија 19.000, САД 5.100, Австралија 1.682 и Канада 1.215.
За потребните 5.055 попишувачи и 550 реонски инструктори, досега на конкурсот од Заводот се пријавиле над 10.000 граѓани, и во тек е селекцијата на пријавените на последниот конкурс. Во 30 реони веќе се избрани и се подготвуваат договори, а од денеска почнува обуката на реонските инструктори, која ќе трае до петок, кои пак од недела ќе ги обучуваат попишувачите.
Од Владата уште еднаш посочија дека учеството во пописот е задолжително, дека кривично се одговара за поттикнување на бојкот (до 5 години затвор), а тие што ќе одбијат да се попишат ќе бидат казнети прекршочно до 300 евра.