Бугарската Амбасада побарала да го посетат Орце Камчев во Шутка, судијата дозволи

Бугарската амбасада во земјава испратила барање до Министерството за правда и министерот Бојан Маричиќ да се дозволи на советник во амбасадата да го посети бизнисменот Орце Камчев, кој од март годинава се наоѓа во притвор во затворот во Шуто Оризари како обвинет во предметот Плацови на Водно.

Судијата Илија Трпков, кој го води судскиот процес и даде согласност да се оствари таа посета, на денешното рочиште рече дека Има вербална нота доставена од амбасадата на Бугарија со барање до Министерството за правда да дозволи советникот Герман Ванчев да го посети државјанинот на Република Бугарија, Јордан Камчев.

Посетата, според најавата, ќе биде на 5 ноември.

Претходна вестНа истекот на кампањата Шилегов го објави тендерот за новиот јавен превоз во Скопје
Следна вестПо интензивните партиски „бомбардирања“ в петок на полноќ настапува изборниот молк