Бугарското МНР се крена по нападот врз Арсовска: Дали кампањата на СДСМ уште повеќе ја налути Бугарија?

Во врска со офанзивната кампања на СДСМ, кога на 6 дена пред вториот круг на гласање извадија информација дека сега веќе актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, има бугарски пасош и лична карта, се јави бугарското МНР. Велат дека сакале веднаш да реагираат но се воздржале за да не станат дел од предизборната полемика. Реагираат за „агресивната политичка кампања спроведена минатата недела, поврзана со намерната злоупотреба на темата со поседувањето бугарско државјанство“ во изборниот процес во Македонија.

– Апсолутно е неприфатливо да се користи говор на омраза како инструмент на внатрешно-политичкото спротивставување.Настаните од изминатата недела и агресивната реторика во изборната кампања за градоначалник на Скопје се уште еден илустративен пример за наметнатата атмосфера на нетрпеливост и непријателство кон граѓаните со бугарски идентитет и кон Република Бугарија, соопштија од бугарското МНР.

Дали сега Бугарија нема да го употребува ова како доказ дека Македонија „ги мрази и омаловажува оние кои имаат бугарски документи“?

Самата Данела Арсовска демантираше дека ниту таа, ниту нејзиниот сопруг имаат бугарски документи и се закани со тужби за оние кои, како што рече, „ширеле клевети, напаѓале со невистини, брутално и нечесно“

Претходна вестКоалициските партнери на Заев бараат тој да не дава оставка, барем не сега
Следна вестИнтересот за билет плус расте: Во среда повторно се игра „Жизел“ во МОБ