Интересот за билет плус расте: Во среда повторно се игра „Жизел“ во МОБ

По премиерата на 30 октомври, после 22 години, сега во среда на 3 ноември, повторно во Македонската опера и балет се одигрува романтичниот балет „Жизел“ од Адолф Адам. Ова е еден од ретките балети кои непрекинато се изведува насекаде во светот од 1841 година наваму.

Во Скопје за првпат е изведен на 7 ноември 1956, а последен пат бил обновен во 1999, според кореографијата на Леонид Лавровски. Овој пат адаптацијата е на хрватската поранешна примабалерирна Ирена Пасариќ.

Главната улога е на првенките Марија Кичевска-Шокаровска и Мими Поп Алексова-Атанасова, а улогата на Алфред, првенците Василиј Чичијашвили и Бобан Ковачевски. Во сабота ќе играат Кичевска-Шокаровска и Чичијашвили.

Претходна вестБугарското МНР се крена по нападот врз Арсовска: Дали кампањата на СДСМ уште повеќе ја налути Бугарија?
Следна вест„Левица“: Задолжителен пренос во живо на седниците на советот