Бура од прашина која нагло ја намалила видливоста е можна причина за верижниот судир на унгарскиот автопат, напиша на Фејсбук операторот на унгарските автопати. Во сообраќајката учествуваа 42 возила, а беа повредени 36 лица.
Поради несреќата, автопатот на таа делница е затворен, а од службата информираат дека поради отежнатите услови расчистувањето ќе трае подолго од вообичаено, пренесуваат унгарските медиуми.
Полицијата соопшти дека судирот, во кој учествувале пет тракторски приколки и 37 други возила, се случил на автопатот М1 на околу 24 километри западно од главниот град Будимпешта.