Буши од денеска ќе раководи со МВР

Од денеска со Министерството за внатрешни работи ќе раководи Назим Буши.

Досегашниот министер во техничката влада, Панче Тошковски официјално му ја предал должноста на Буши, кој беше досегашен заменик-министер за внатрешни работи.

-По денешното примопредавање на должноста, согласно законски одредби на Република Северна Македонија, Буши ќе раководи со Министерството за внатрешни работи до почетокот на функционирање на новиот владин состав, поточно до именувањето на новиот министер за внатрешни работи, информираат од МВР.

Буши е дел од раководството на ДУИ и долгодишен заменик-министер.

Претходна вестБројот на активни пушачи во Македонија е 45.4 отсто
Следна вестПоднесено обвинение за убиството на Вања и Панче, обвинет и таткото на девојчето