Во овој момент цената на лебот е стабилна и ќе остане иста, изјави денеска Горан Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори). Тој додаде дека сепак е неизвесно што ќе се случува со војната во Украина и на Блискиот Исток која директно се рефлектира врз цената на нафтата. Не се знае ниту каква ќе биде жетвата во Русија и Украина и што ќе се случува со производството на жито.
-Бизнисот и натаму стои зад либералниот концепт, дека секогаш понудата и побарувачката треба да ја одредуваат конечната цена.
Според претседателот на ССК, Трајан Ангелоски потрошувачката на лебот е на речиси исто ниво од пред лимитирањето на цените зашто голем дел од луѓето купуваат и други типови леб, чија цена не е ограничена.
-Нафтата не е единствениот фактор што се одразува врз цените.Тука е цената на работна сила. Луѓето кои произведуваат леб и други прехранбени производи ќе траба да ги платите повеќе, а со тоа автоматски расте и цената на тие производи. Тоа е еден затворен круг, објасни тој.