Цените на становите пораснаа за 4,7 отсто во првиот квартал од годинава

Иако забавено и во првиот квартал од оваа година има раст на цената на станбениот простор. Индексот на цените на становите, што денеска го објави Народната банка, покажуваат дека во првиот квартал од годинава овие недвижности биле поскапи за 4,7 насто, но бележат пад од 0,8 проценти во однос на претходниот квартал. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.

Во претходниот квартал (октомври – декември 2023) цените на становите во Скопје беа зголемени за 7 проценти во однос на истиот период од 2022 година, а за еден процент споредено со третиот квартал. Споредбено, пак, со првиот квартал лани, цените на становите се зголемија за 18,8 отсто на годишно ниво, односно од 1,3 проценти , во второто тримесечје од 1,6 отсто, односно од 12,9 проценти, а во третиот квартал од 2,9 отсто, односно од 11 проценти на годишно ниво.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јануари годинава биле издадени 256 одобренија за градење, што е за 34,4 отсто  помалку во однос на истиот месец лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 4,5 милијарди денари што е за 41,6 проценти помалку во однос на истиот месец лани.

Претходна вестМНР: 11 македонски државјани пуштени дома по сообраќајката во Италија, еден задржан во болница
Следна вестСкопјанец измамен за повеќе од 55.000 евра за лажни операции, погреби, киданпирања…