Центарските пајаци цела недела биле многу вредни

Паркирањето во скопски Центар за многумина е скапа работа. Ама ако паркираш на недозволено место е уште поскапо. ЈП Паркинзи на Општина Центар дели казни.

Така било и во периодот од 05.12. до 11.12.2022 година, кога биле казнети 143 возачи. Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 62 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 81 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Од општината и јавното претпријатие уверуваат дека ќе се вршат контроли и понатаму, а повикуваат и на поголема сообраќајна култура. Скопјани пак по социјалните мрежи повикуваат на поевтино паркирање и на посредени паркинзи.

Претходна вестФилмот „Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова квалификуван за „Оскар“
Следна вестОд полноќ поевтинуваат горивата