ЦГК: Секоја втора фирма смета дека јавните набавки се прават „со врски“

Секоја втора фирма што учествува во тендерите вели дека има корупција а државните фирми и институции лани потрошиле вкупно 46 милиони евра преку склучување на договори за кои претходно не е објавен јавен оглас. Ова го покажува Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јули до декември 2021 година и анкетата на 284 фирми од сите поголеми градови во земјата на Центарот за граѓански комуникации. Тоа е за 16 милиони евра повеќе од 2020 година. Дури 80 процентги од вредноста на склучените договори без објавување оглас им припаѓаат на АД „Електрани“, МВР и Министерството за образование и наука.

-Лидер во вклучувањето на овој вид договори е АД Електрани, кој има вклучено 31 милиони евра вредни договори, притоа овде не спаѓа онаа позната набавка за јаглен, интервентна набавка. Секако се нотира како негативен тренд во јавните набавки и говори за лошо управување и говори за тоа дека институциите навреме не можеле да предвидат дека нешто ќе им се наметне како потреба и со време да објават огласи и да спроведат транспарентна постапка, изјави Сабина Факи од ЦГК.

Од Центарот укажуваат дека ваквиот начин на јавни набавки е предвиен во законот само за исклучителни случаи, и не смее да биде замена за редовните постапки, бидејќи се смета за најмалку транспарентен.

Од аспект на фирмите со коишто најмногу се склучувани ваков вид договори, на врвот според нивната вредност е битолската фирма „Марковски компани“, со два договори во вкупна вредност од 23,7 милиони евра. По неа е фирмата „АРС Ламина“, со склучени девет договори во вкупна вредност од околу 1,3 милион евра, а на трето место е „Некстсенс“ со 10 договори во вкупна вредност од околу 1,1 милион евра. Преостанатите 19,8 милиони евра ги делат околу 200 фирми, покажува мониторингот на ЦГК.

Половина од анкетираните речиси 300 фирми, сметаат дека има корупција во јавните набавки, и тоа дека најчесто биле спроведени “со врски”. Но уште поголем број и признале дека постои меѓусебно договарање за тендерите.

-Секоја втора од нив смета дека секогаш или често има корупција во јавните набавки, додека само 34 проценти рекоа дека ретко има корупција, 14 проценти од фирмите сметаат дека нема корупција. Овој удел на фирми кои сметаат дека има корупција во јавните набавки е многу голем. А голем дел од фирмите во земјава и не учествуваат на пазарот на јавните набавки заради нивното поимање дека тоа е се однапред договорено и дека огласите и тендерите се наместени, рече Факиќ.

Претходна вестРегистрирани се 98 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица
Следна вестРускиот министер Шојгу: Нашите загуби во Украина досега се 5.937 мртви