Регистрирани се 98 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 775 тестови, а регистрирани се 98 нови случаи на Ковид-19. Од нив во Скопје се 68, Прилеп – 6, Куманово и Битола – по 5, Велес и Ресен – по 3, Тетово, Кавадарци и Штип – по 2, Кратово и Берово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (98), регистрирани се 26 реинфекција. Регистрирани се 79 оздравени пациенти. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.413, бројот на оздравени пациенти е 332.229, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 660.

Претходна вестДвајца малолетници украле три тротинети
Следна вестЦГК: Секоја втора фирма смета дека јавните набавки се прават „со врски“