Чаир се доближува до 500 активни случаи на Ковид 19, Гази Баба кон 200, бројот расте и во Карпош

Пораст на заразени-заболени од корона вирусот се забележува во речиси сите скопски општини. Според податоците на Министерството за здравство денеска најголем број на вкупно активно заболени има во општина Чаир – 454. Ова е за 19 пациенти повеќе отколку завчера. Втора на листата е општина Гази Баба со – 185 лица инфицирани со вирусот. Во однос на завчера на ова подрачје има 14 пациенти повеќе.

За 13 пациенти во однос на завчера е зголемен број на заразените во Карпош и таму сега има 170 лица со вирусот, додека во Аеродром големувањето е за 6 случаи и вкупната бројка на активно болни е 166. Во Бутел сега има 155 заболени, додека  во Центар – 152, Сарај – 163, Кисела Вода – 119, Ѓорче Петров – 118, Студеничани – 111, Шуто Оризари – 87.

Во Арачиново има 52 болни, Илинден – 33, Петровец – 19, Чучер Сандево – 21, Сопиште – 13, Зелениково-4, Странец – 2 и нераспределени- 7.

Претходна вестФилипче: Ако има потреба ќе препорачаме рестриктивни мерки
Следна вестТешко повреден моторџија: Паднал од мотор, па го прегазил камион