Во тешка и животнозагрозувачка состојба е 56-годишниот велешанец по сообраќајната несреќа што се случила утрово во Велес. Според информациите кои ги пренесува државната агенција МИА, тој кај игралиштето во населбата Тунел во Велес околу 7 часот паднал од мотор и притоа бил прегазен од камион.
Прва помош на повредениот му дала екипа на Брзата помош која со возило итно го однела во Општата болница во Велес.
-Повредениот кај нас е донесен со тешки телесни повреди на главата и вратот. Веднаш е интубиран и реанимиран и во коматозна состојба околу 8 часот итно бил префрлен на Хирушката клиника во Скопје, соопштија во велешката болница.
Полицијата направила увид на настанот и ги утврдува причините за несреќата.