Скопската општина Чаир и натаму е подрачје во Скопје во кое има најголем број на заразени од корона вирусот. Податоците покажувата дека во оваа општина има за три и повеќе пати инфицирани-заболени отколку во останатите скопски општини.
Заклучно со вчера, во Чаир има 302 заболени од вкупно 1323 активни случаи на подрачјето на Скопје каде од почетокот на епидемијата се инфицирани 1.995.
Напоредно со ова, се зголемува и бројот на заболените во општина Аеродром кој стаса до 118, а веднаш зад неа е општина Бутел со 110 заболени. Четврта според бројот на инфицираните е општина Центар – 105, а потоа Гази Баба со 104. Во Сарај има 96 заболени, Карпош – 94, во Кисела Вода – 64, Ѓорче Петров – 53, Студеничани – 52, Шуто Оризари – 40, Арачиново – 33, Илинден – 27, Петровец – 9, Чучер Сандево – 7, Сопиште – 8, Зелениково-1 и две лица се странци.