Скопската општина Чаир и натаму е градското подрачје со најголем број за активни случаи на заболени од корона вирусот, покажуваат податоците на Министертсвото за здравје заклучно со вчера. Во оваа густо населена општина има 394 случаи на заболени што е далеку пред другите скопски општини.
На целото подрачје на Скопје до сега се заболени вкупно 2.534 граѓани, а активни случаи има 1.721.
Втора по бројот на заболените е општина Гази Баба со 156 заболени, а трета Бутел со 144. Во Центар има 137 заболени исто како и во Сарај, во Аеродром има 135 заболени, Карпош 116, Кисела Вода 98, Ѓорче Петров – 83 и Шуто Оризари 73.