Од 665 тестирања – позитивни 90 лица, девет пациенти починале од вирусот

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на ковид-19 во Македонија. Од нив во Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6.

-Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (90г), хоспитализиран на 15 јуни. На Институот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје (64г). Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациентка (70г) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни,  пациент (61г) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57г), примен на 17 јуни. На барање на семејството е испишан од болница пациент од Скопје (64г), кој починал во кола по заминувањето. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на ковид, а потврден позитивен по приемот, се наведува во соопштението

Во КБ Тетово починати се две лица, пациент (60г), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70г), хоспитализирана на 15 јуни. Во ОБ Охрид вчера е починат пациент (64г), чиј позитивен резултат е потврден денес. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-9, Штип-30, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5196, бројката на оздравени пациенти е 1974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2975.

Претходна вестНе е возможно, цело време се едни те исти работи да се повторуваат во Скопје
Следна вестЧаир со 394 заразени лица од вирусот, Гази Баба 156, Бутел 144…