Чаир со најмногу заболени– 195, а Бутел, Центар, Аеродром, Г. Баба и Карпош се изедначуваат

Скопската општина Чаир и натаму е подрачје во кое има најголем број на заболени од корона вирусот во градот. Ова го потврдуваат и податоците на Институтот за јавно здравје кои што се однесуваат заклучно со вчера, а според кои во Чаир има дури 195 заболени. Многу помалку заболени имаат останатите скопски општини, но се забележува тенденцијата поголемите урбани скопски општини да се изедначуваат според бројот на инфицираните.

Така, втора на листата е општина Бутел со 72 заболени, а потоа следат Центар со 71, Аеродром со 67, Гази Баба со 66, Карпош со 64, Сарај со 58 случаи.

Активни случаи има и во Кисела Вода – 39,  Ѓорче Петров – 26, Студеничани – 24, Арачиново – 24, Шуто Оризари – 21, Илинден – 19, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2, а има и двајца странски државјани.

Инаку, бројот на активно болни во Скопје изнесува 844, а до сега заболеле вкупно 1.461 жител на главниот град на Македонија.

Претходна вест7 пациенти починаа, дури 125 лица се новозаразени од вирусот- во Скопје 89
Следна вестДвајца скопјани приведени поради дрога