Четири каснувања од кучиња скитници во еден ден

Четири лица, а меѓу нив и малолетно дете биле каснати од кучиња скитници во текот на вчерашниот ден.

– На 31.01.2023 во 15:35 часот во Полициската станица Карпош, П.К.(44) од Скопје пријавил дека во с.Бардовци бил каснат од куче скитник. Истиот ден, С.В.(54) од Кичево во полициска станица пријавила дека на ул.„Магистрален пат“ била касната од куче скитник, а З.Е.(40) исто така од Кичево пријавила дека нејзината малолетна ќерка на ул.„11 Септември“ била касната од куче скитник. И Д.Ј.(63) од Прилеп пријавил дека на ул.„Ладо Лапецот“ бил каснат од куче скитник, информираат од МВР.

Претходна вестЌе се проширува опасниот пешачки остров во Аеродром но не толку брзо
Следна вестСе намалува цената на дизелот и екстра лесното масло