Ќе се проширува опасниот пешачки остров во Аеродром но не толку брзо

Почната е процедура за проширување на малиот и опасниот пешачки остров во општина Аеродром на големата крстосница кај споменикот на Јане Сандански, информриа денеска Ценатрот за управување со кризи.

– Конкретно, по алармирањето на граѓаните на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) за опасност по пешаци и велосипедисти заради малата широчина на средишниот пешачки остров, на крстосницата на булевар „Србија“, бул. „Ј. Сандански“ и „Видое Смилевски – Бато“ во Општина Аеродром, по барање на ЦУК, Град Скопје ја започна процедурата за решавање на случај преку нивниот Сектор за сообраќај, информираат од ЦУК.

Од Центарот наведуваат дека во известувањето од Градот Скопје на крајот од јануари годинава, добиено во ЦУК по последната ургенција, се вели дека внимателно било разгледано барањето од ЦУК и почнале да се превземаат активности за имлементација на проектната документација.

-По ова следувало изработка на техничка документација согласно законите како што се Урбанистичкиот проект со којшто се дефинираат потребните градежни работи. Потоа, по добивањето на Потврда на заверка, врз основа на истиот, следувало изработка на Основен сообраќаен проект за изменување и дополнување на режимот на сообраќајот за што било потребно да се добие согласност од СВР Скопје, при што Градот издавал Решение. Редоследот потоа налагал да се најави во Годишниот градски план за јавни набавки, по што следувале постапки за доделување на договор за јавна набавка за изработка на Урбанистичкиот и Основниот сообраќаен проект. Преземените постапки и активности зависеле една од друга, а по нивното завршување се поминувало на имплементација на техничката документација на терен, што, напоменуваат од Градот дека за запазување на целата процедура бил потребен подолг временски период, велат од ЦУК.

Претходна вестИ таткото на министерот Благој Бочварски во бизнисот со струја
Следна вестЧетири каснувања од кучиња скитници во еден ден