Темен режим Режим на светлина

Малолетник избодел тинејџер по кавга за девојка

Во вторникот, во 14.30 часот во трговски центар на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје.
Околу 14.05 часот, по кратка расправија и недоразбирање поради девојка, тој со нож му нанел повреда на М.А.(18) од с.Зелениково, скопско, при што бил забележан и задржан од полициски службеник од Полициската станица Центар.
Од него бил одземен ножот, а повредениот М.А.

бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била констатирана телесна повреда.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Претрес во Скопје – најдени дрога и муниција, еден приведен

Следна објава

Протест во Гази Баба, граѓаните го бараат железарското парно