И во Градската болница „8-ми септември“ ќе има оддел за онкологија

Владата на вчерашната седница донела Одлука за давање согласност на Одлуката за проширување на дејноста на Јавната здравствена установа Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје за спроведување специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на онкологијата и радиотерапијата.

Тоа значи дека освен на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија, ќе се отвори уште едно одделение за Онкологија во Градската болница „8 септември“. Тоа треба да биде дополнително олеснување за болните од рак, чии бројки во последните години алармантно растат но кои често имаат проблеми со обезбедување на соодветна терапија.

 

Претходна вестРезников: Русија планира нова офанзива, мобилизираа 500 илјади војници
Следна вестХоландија и Шведска главни ривали за пласман на младите фудбалери на ЕП 2025