Холандија и Шведска главни ривали за пласман на младите фудбалери на ЕП 2025

Денеска во седиштето на УЕФА, во Нион беше одржана ждрепката за квалификациите за ЕП 2025 година во Словачка, при што Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги доби противниците.

Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар се селекциите со кои ќе се сочат младите македонски фудбалери во следните квалификации. Главен фаворит во групата е носителот Холандија. Дополнително ќе биде познат и распоредот на натпреварите. Формирани ќе бидат седум групи со по шест и две со по пет репрезентации.

Пласман на ЕУРО2025 ќе обезбедат деветте првопласирани репрезентации, како и трите најдобро второпласирани. Преостанатите шест второпласирани репрезентации ќе играат во плејоф за уште три места на завршниот турнир.

Квалификациите ќе почнат во март година, а ќе финишираат во октомври идната година.

Претходна вестИ во Градската болница „8-ми септември“ ќе има оддел за онкологија
Следна вестУсловна казна за гинекологот Мухамед Асани, родилката Веапоска чека и втора пресуда