Темен режим Режим на светлина

„Стани Македонче, потребна е акција“, Комитите повикаа на масовно присуство на чествувањето на Гоце Делчев

Навивачката група „Комити“ ќе присуствува на одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев, кое ќе се одржи во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Тие упатија повик и до јавноста преку транспарент од трибините за време на ракометниот натпревар „Вардар-Партизан“.

– Стани Македонче, потребна е акција, за даскалот кој ја обедини целата нација, пишува на транспарентот, под кој стои и датумот на раѓањето на Делчев.

Одбележувањето на денот на раѓањето на Делчев ќе биде со засилени контроли од страна на полицијата, а е оценет и како настан од висок ризик.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Стоилковски: Ново бегство во Идризово! Ова е добро организиран мафијашки систем

Следна објава
Ѓоковиќ по три сета до осминафинале на турнирот во Индијан Велс

Ѓоковиќ во Австралија играл со дупка во ногата од три сантиметри