Ѓоковиќ во Австралија играл со дупка во ногата од три сантиметри

Новак Ѓоковиќ го освои својот јубилеен 10-ти Австралија опен и го израмни вечниот рекорд кој претходно го држеше Надал со 22 Грен слем титули. Новак за време на својот говор откри дека со оглед на околностите мислејќи на повредите кои ги имал, ова е најголемиот триумф во неговата кариера.

Новак се здоби со повреда на задната ложа на мечот против Медведев во полуфиналето во Аделаида.

Колку е лоша ситуацијата со задната ложа на Новак, откри директорот на Австралија опен, Крег Тајли, кој изјави дека Новак имал кинење од три сантиметри во задната ложа и дека ги видел видеата што ги снимиле лекарите.

Самиот Новак изјави дека применил сосема поинаков пристап на натпреварите, немал тренинзи меѓу натпреварите, туку одел цел ден и бил на разни третмани и многу машини за да го опорави повредениот мускул. И по третманот на д-р Маријана Ковачевиќ тој успеа да ја победи и повредата и ривалите.

Но Маријана не беше единствената која му помогна на Новак да се опорави. На социјалните мрежи се појавија и фотографии со докторот Стивен Сасинис Шашјан.

Шашјан е хиропрактик по применета кинезиологија, а на мрежите беше откриено дека му помогнал на Новак да победи на Австралија Опен.

– Сè е можно кога работите со волшебникот за функционална неврологија, изјавил Шашијан за Ѓоковиќ

Претходна вест„Стани Македонче, потребна е акција“, Комитите повикаа на масовно присуство на чествувањето на Гоце Делчев
Следна вестВучиќ: Приштина не сака ЗСО, туку сака да предизвика воен конфликт на Србија со НАТО