Темен режим Режим на светлина

Загина работник по пад од градежен објект во Аеродром

Вчера во 08.30 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на објект во изградба на ул.„Фрањо Клуз“ во Скопје починал еден работник.

Полициски службеници од полициската станица излегле на местото и било констатирано дека И.П.(55) од Република Турција паднал додека извршувал градежни работи на објектот, по што починал на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Руска амбасада: Тврдењата на Османи дека сме заинтересирани за конфликт меѓу Македонија и Бугарија се неосновани

Следна објава
Со неколку клика до билет, нова дигитална услуга на ЈСП

Недела ќе биде неработен ден за сите билетарници на ЈСП