Четири македонски екипи ќе бидат активни на првиот ден на турнирот во Струга

Од 14 до 17 август ќе се одржи 52. издание на ракометниот турнир во Струга, настан кој секогаш предизвикува внимание, интерес, па така е и оваа година во која покрај клубови од Македонија ќе имаме и состави од Грција и Шведска.

Организаторот веќе ги одреди двете групи, а сега е познат и распоредот, саатниците за сите натпревари.

Турнирот ќе биде отворен со пресметката меѓу домаќинот Струга и нашиот шампион Еурофарм Пелистер од 18:30 часот.

Потоа од 19:55 е закажано свечено отварања за да првиот ден биде затворен со уште една македонска пресметка меѓу бранителот на пехарот Вардар и Тиквеш.

Претходна вест„Сити Мол“ и околните улици денеска без вода, струја ќе нема во неколку населени места
Следна вестНепречен сообраќај на патиштата, гужва на ГП Табановце и ГП Богородица